Следуваат жалби по одлуката на Кривичниот суд

0
453

Специјалното јавно обвинителство ќе ги обжали одлуките на Основниот суд Скопје.

Бидејќи судот се уште јавно нема информирано какви решенија за притвор донело по маратонските распити на судиите на претходна постапка со градоначалникот на општина пустец, Едмунд Темелко и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски, а тие си заминаа доцна во ноќта со сопствени возила, најверојатно за нив нема да има мерка притвор, смета специјалното обвинителство.

Јавната порака на ФБ страницата на обвинителствотво гласи : „Кривичниот суд во Скопје засега пропушти да се запише во историјата на Република Македонија. Следуваат жалби“!