Слепите не гледаат со очи, туку со срце

0
830

„Ние не гледаме со Очи, Ние гледаме со Срце за Битола!“ Под ова мото синоќа слепите луѓе им покажаа на сите останати дека нивниот хендикеп не ги спречува да ги прават истите работи како другите луѓе. Велат дека на тој начин, со многу активности и работа, забораваат на својот хендикеп. Така беше и синоќа. Битолчани можеа да ги слушнат слепите лица како пеат, свират, но и нивните способности за изработување ракотворби.SLEPI 1

-Некое велат дека слепите не знаат да музицираат, но можеме се да направиме, вели Стевче Костадиновски, претседател на Здружение на слепи лица Битола.STEVCE

Здружението на слепи лица од Битола, по втор пат ја организира манифестацијата во рамките на Битфест, но за разлика од минатата година, оваа е интернационална. Им гостуваше Здружението на слепи лица од Софија, Бугарија.

-Меѓународните средби се од корист, знаеме на кој начин функционираат работите во другите земји, рече Жарко Салковски, претседател на Националниот сојуз на слепи лица на Македонија. ZARKO

Слепите лица во Бугарија имаат проблеми, но полека им се подобрува животот, вели бугарскиот конзул во Битола.SLEPI

-Слепите најмногу имаат проблем со животот, секојдневието. Во телефонските кабини, тешко одат по улица, последно време се прават убави нешта. На пример семафорите се со звуќен сигнал и тие поминуваат нормално преку улица, вели Чавдар Младенов, конзул на Р. Бугарија во Битола.CAVDAR

Како еден од најголемите поддржувачи на слепите е Лајонс клубот.

-Организиравме многу акции, средствата од Црно-белиот бал ги дониравме на Здружението за слепи лица, за спорската сала, рече Драги Филевски, поранешен гувернер на Лајонс Дистрикт 132.DRAGI

Инаку во Битола моментално има 220 слепи лица, а бројот е пораснат за 2%.