Сликајќи го џезот-изложба на Христо Петрески

0
169

Изложбата со наслов -Сликајки го џезот на професор Христо Петрески, беше презентирана во народната универзитетска библиотека Св. Климент Охридски.
Петрески покрај сликарството се занимава со литература- автор е на повеќе книги поезија, проза, романи, филмска, ликовна и театарска критика.
На свеченото отворање на изложбата говореше писателот Панде Манојлов и писателката Елена Костадиновиќ.

Главниот сегмент во овие дваесеттина слики од кои се препознава звукот и вибрацијата како одраз на ликовното, авторот го сместува во метафизички простор без волумен, простор на светлина од бои во кој ги соединува сите точки на опсервацијата нагласена преку складноста на тоновите на колоритот.
Инаку, Христо Петрески веќе има излагано свои ликовни дела на самостојни изложби во Радовиш, Скопје, Ресен, Кавадарци, Демир Капија, Неготино и Прилеп.
Добитник на значајни награди и признанија во земјата и странство.

Неда Маретиќ