Сликата на Леонардо Да Винчи “Salvator Mundi” се продаде на аукција за неверојатни 450 милиони $

0
440

Сликата на италијанскиот уметнички гениј Леонардо да Винчи „Спасителот на светот“ (Salvator Mundi) е продадена ноќта кон четвртокот по македонско време во Њујорк на наддавање на аукциската куќа Christie’s за рекордни 450,3 милиони американски долари.

Сликата на Исис Христос кој во левата рака држи кристална кугла, а десната ја подигнува во знак на благослов, од периодот 1506/13 година на наддавањето почетно се нудеше за 100 милиони долари, па вака постигна за четири ипол пати повисока цена.

Продажбата на ова дело го урна за речиси повеќе од двојно стариот аукциски рекорд кој го држеа „Жените од Алжир“(Les Femmes D’Alger), подадена за 179,4 милиони долари во мај 2015 година.

По само 20 минутно наддавање на понудувачите, „Salvator Mundi“ стана сопственост на купувач чиј идентите не е познат.

Без коментари