Слонови спасуваат луѓе во поплавите во Непал

0
645

Десетици слонови и сплавови се распоредени за спасување на речиси 500 луѓе заробени од поплавите во популарно одморалиште во јужен Непал, пренесуваат официјални претставници.

Неколку хотели во Саураха, во областа Читван, биле преплавени, затрупувајќи ги туристите, многу од нив странци. Поплавите и лизгањето на земјиштето предизвикано од поројни дождови убија најмалку 49 лица низ целата земја.

Црвениот крст вели дека 100.000 луѓе се погодени, без елсктрична енергија и комуникации, отсечени се многу области. Од поплавите урнати се мостови, потопени се патишта, што го отежнува спасувањето.

Илјадници жители биле протерани од своите куќи во најтешко погодените области, велат официјалните претставници, предупредувајќи дека бројот на жртвите може да се зголеми, бидејќи најмалку 17 лица се уште се водат за исчезнати.

http://makfax.com.mk

Без коментари