Словачки полицајци од петок ќе бидат распоредени на границата со Грција

0
361

На официјално барање на министерот за внатрешни работи, во петок во земјава пристигнуваат 25 припадници на словачката полициска единица, соопштуваат од словачката амбасада.

Словачките полицајци ќе спроведуваат заеднички патролни активности со македонските колеги на државната граница со Грција, со цел заштита на границата, борба против криумчарењето и помош при управувањето со миграциските текови. Од амбасадата додаваат дека словачките полицајци ќе бидат опремени со осум теренски моторни возила, термални камери и уредни за ноќно гледање.

Мандатот на словачката полициска мисија ќе биде 30 дена, со можност за продолжување. Словачка со испраќањето на 25-те полициски службеници е најголем придонесувач по глава на жител од 6-те земји, кои досега своите полицајци ги испратија во Македонија како израз на солидарност во решавањето на мигрантската криза./крај/мф/бс