Словенија го ограничува приемот на мигранти

0
346

Словенечката влада усвои мерки за ограничување на движењето на мигрантите на нејзините граници кои се движат по Балканската рута, така што ќе бидат пропуштани оние кои ќе докажат дека ќе бараат азил во Австрија и во Германија.

Мерките ќе започнат да се применуваат за мигранти кои пристигнуваат во Добов со воз. Веста се објави вчера околу 22 часот, на прес-конференцијата по завршувањето на владина седница на министерот за внатрешни работи, Весна Гјеркеш Жнидар.

“Влез во Словенија ќе биде дозволен само на оние кои ќе докажат дека ќе бараат азил во Австрија и Германија, а другите ќе бидат одбиени”, додавајќи дека покрај ова ќе се воведе и засилена контрола на зелената граница.