Словенија го заостри законот за азил со цел да го намали миграцискиот прилив

0
414
Slovenian President Borut Pahor (C) delivers a speech during the Inaugural Session of Slovenian Parliament in Ljubljana, Slovenia on August 1, 2014. Slovenia's newly elected parliament meets for the first time on August 1 with political newcomer Miro Cerar's SMC party, the strongest force holding 36 seats in the 90-seat parliament, while Prime Minister Alenka Bratusek's ZaAB party holds only four seats. AFP PHOTO / Jure Makovec (Photo credit should read Jure Makovec/AFP/Getty Images)

Словенечкиот Парламент доцна синоќа усвои закон со кој се забрзува разгледувањето на барањата за азил во земјата, со цел да се намали приливот на мигранти.

– Целта на овој закон е да се овозможи брза и ефикасна процедура за одобрување азил на оние кои им е навистина потребен, и да се постават темели за ефикасна политика за враќање на оние лица кои не ги исполнуваат условите за меѓународна заштита, изјави словенечката министерка за внатрешни работи Весна Ѓеркеш Жиндар.

Законот за меѓународна заштита е усвоен со 45 гласа, а против се изјасниле четворица пратеници. Опозициските партии го бојкотираа гласањето откако владејачката коалиција ги отфрлила нивните барања за уште построги услови за азил и ограничување на бројот на мигранти кои влегуваат во Словенија.