Словенија од полноќ повторно го применува Шенгенскиот договор

0
451

Словенија од полноќ повторно во целост го применува Шенгенскиот договор на својата граница со Хрватска, јавува словенечката агенција СТА.

Агенцијата додава дека тоа е во согласност со затворањето на договорот за балканската мигрантска рута, кој беше постигнат на самитот ЕУ – Турција  во понеделникот.

Словенечката полиција им дозволува влез во земјата само на странците со валидни патни исправи, потоа на лицата кои ќе изразат желба да побараат меѓународна заштита и на поединците на кои им е потребен хуманитарен третман.

Словенечкиот премиер Миро Церар по самитот во Брисел порача дека балканската мигрантска рута веќе не постои и дека Словенија во иднина во земјата ќе ги пушта само оние кои имаат соодветни документи за влез во шенгенското подрачје.

„Самитот испрати јасна порака на сите оние кои криумчарат бегалци и илегални мигранти, а тоа е дека балканската рута веќе не постои“, изјави Церар.

Во заклучоците од самитот беше наведено дека „незаконските текови на мигрантите завршуваат“, додека предлог заклучокот дека „балканската рута е затворена“, за кој се залагаше и Словенија е изземен, но според Церар смислата на заклучоците околу кои се согласиле сите е иста./крај/мф/бс