Словенија остана без одговор за Василис Спанулис

0
337

Селекциите на Србија и Грција го продолжија победничкиот чекор на Евробаскетот и на едно коло до крајот на групната фаза, го осигураа првото место во групата. Словенија беше вистински испит за можностите на Грција, предводена од Спанулис. Плаво-белите од самиот почеток наметнаа поагресивна кошарка и подобра игра под обрачите. Уште во 7 минута, предноста на Грција стана двоцифрена (14:4). Василис Спанулис прв стигна до двоцифрем број на поени, со тројката за 43:29 во 18 минута. Долго време спокојната предност на грците, ја преполови Блажиќ со тројка за 54:49 во 27 минута. Словенците носени од близу 5.000 нивни навивачи со поените на Прелевиќ во 32 минута, комплетно се вратија во мечот (62:60). Сепак Спанулис е категорија на останатите и кога најмногу требаше со серија 5:0, пак ги оддалечи грците од противникот (69:61). Избраниците на Фоцис Кацикарис не дозволија комплетно враќање на Блажиќ и другарите и славеа со 83:72. Чешка направи подвиг, совладувајќи ја Белгија со поени на Саторански во самата завршница (64:66). Кошаркарот на Барселона и Јан Весели беа клучни фигури во триумфот на чесите, кој им ги отвора вратите кон осминафиналето. Србија со воодупевувачко атрактивна кошарка, уште во првата четвртина му побегна на Турција (14:30) и подоцна ја администрираше предноста како голема репрезентација. Мирослав Радуљица блесна во таборот на Ѓорѓевиќ. Финска се наметнува како изненадување на Евробаскетот, откако со неверојтна леснотија ја совлада Б и Х, откако двоцифрено водеше во текот на целиот натпревар (59:88).

Турција – Србија 72:91 (14:30, 21:23, 24:18, 13:20)

Мухамед Али 16, Ерден 14 (Турција) – Радуљица 20, Теодосиќ 17, Калиниќ 15 (Србија)
Б и Х – Финска 59:88 (12:19, 15:22, 15:31, 17:16)
Албијаниќ 14 , Кикановиќ 13 (Б и Х) – Вилсон 16, Копонен 14 (Финска)
Грција – Словенија 83:72 (23:17, 23:14, 16:22, 21:19)
Спанулис 19, Принтезис 16 (Грција) – Блажиќ 27, Драгиќ 22 (Словенија)
Белгија – Чешка 64:66 (17:21, 11:12, 16:18, 20:15)
Табу 12, Жиле 10 (Белгија) – Весели 21, Саторански 14 (Чешка)