Словенија почна да поставува ограда спрема Хрватска

0
324

Словенија почна да поставува ограда на граничниот премин Брегана кон Хрватска. Според словенечките медиуми, станува збор за дрвена ограда, која се поставува меѓу патот и зелената површина, но се уште не е јасна причината за ова оградување.

Над 300 илегални имигранти синоќа целосно го блокираа граничниот премин Брегане на границата меѓу Хрватска и Словенија, објави загрепскиот весник „Вечерњи лист“.

Според весникот, блокадата ја поттикнале група словенечки активисти кои го поддржуваат влезот на бегалците во Словенија. Тие им препорачале на имигрантите да го блокираат преминот со цел да извршат доплнителен притисок врз словенечката полиција за да побрзо да ги пушти да влезат во Словенија.

Бегалците седеле или лежеле на патот извикувајќи „Отворете ја границата“, со што го спречиле движењето на сите оние кои сакале да ја мината границата.

Без коментари

LEAVE A REPLY