Словенија почна со оградата кон Хрватска

0
247

Камиони со жица за ограда пристигнаа во словенечкото село Голем Обрез во близина на границата со Хрватска.

Во селото се наоѓаат поголем број војници и полицајци, кои чекаат наскоро да се почне со поставување на оградата.

Словенечките медиуми јавуваат дека рано изутринава требала да почне изградбата на 1,8 метри високата ограда на границата со Хрватска, но дека таа се уште не почнала, јави Танјуг.

Се шпекулира дека почетокот на изградбата се случува во тајност, имајќи предвид дека полицијата не сакала да открие во кое погранично место се поставува ограда, а на сите делови на границата не е дозволен пристап на новинарите.

Познато е дека оградата ќе биде поставена на делови на границата, каде на бегалците им е најлесно да поминат.

Без коментари

LEAVE A REPLY