Словенија се намачи против Холандија, Србија како на тренинг со Исланд

0
506

Предвидливи победи на Словенија и Србија против „егзотичните „ривали Холандија и Исланд на првите мечеви од четвртиот ден на Евробаскетот. Словенците почнаа со пеколни 12:0, па „лалињата„ првиот кош го постигнаа дури во 6 минута. Постјано имаа двоцифрена предност, но на почетокот на третиот период се опуштија и Клоф израмни на 41:41 во 25 минута. Неизвесноста царуваше се до 34 минута, кога Драгиќ ги „скрши„ портокаловите за финални 81:74. Србија го декласира Исланд со 29 разлика, а селекторот Ѓорѓевиќ им укажа шанса на сите кошаркари, како би ја поделил минутажата шред последните две средби во групата Б во Берлин.

Србија – Исланд 93:64 (24:16, 18:16, 25:16, 26:16)
Недовиќ 15, Радуљица 13 (Србија) – Гунарсон 18 (Исланд)
Словенија – Холандија 81:74 (23:15, 18:14, 16:23, 24:22)
Препелиќ 19, Драгиќ 13, Блажиќ 13, Ожиќ 11 (Словенија) – Кроф 25, В. Де Јонг 19 (Холандија)