Словенија упати дипломатска нота до Хрватска

0
377

Словенија упати дипломатска нота до Хрватска апелирајќи да ја спроведе одлуката за границата, донесена од Арбитражниот суд во Хаг, соопшти синоќа словенечкото Министерство за надворешни работи.

Нотата е упатена бидејќи Хрватска одбива да ја прифати одуката и поради инцидентот помеѓу словенечката и хрватската полиција и рибарските бродови во пограничното подрачје во Пиранскиот Залив.

Словенија во нотата ја повтори својата посветеност во спроведување на меѓународните закони и договори за арбитража.

– Во духот на добрососедски односи Словенија ја повикува Хрватска да учествува во изнаоѓање на најдобар начи за спроведување на одлуката, се посочува во соопштението на словенечкото Министерство за надворешни работи.