Словенечки искуства за македонското ловство

0
952

Како е во Словенија, а како во Македонија? Кои се грешките, а кои предностите во двете земји? Токму за ова разговараа претставници од Заводот за шумарство од Словенија и претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Македонија. 30 шумарски инженери од Словенија беа во посета на Македонија.

-Да не ги правите истите грешки што ги правиме ние во Словенија, сето тоа да се избалансира, вели Јозеф Мракиќ, Завод за шумарство Словенија.jozef

Од Министерството велат дека преку размената на искуства може да се види до каде сме со имплементацијата на легислативата.

-Со оваа посета ќе размениме искуства за повеќе сегменти, изјави Војо Гоговски, државен советник за шумарство и ловство при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.vojo

Науме Ставревски е специјалист по лов, а неколку години е инвеститор во оваа област. divec

-Не заостануваме зад нив, но можеме да одиме напред. Имаме способни луѓе. Ова е долгогодишна инвестиција, вели Науме Ставревски, концесионер.naumce

Инаку Натура 2000 е еколошка мрежа на заштитени подрачја на подрачјето на ЕУ. Тоа е најголема координирана мрежа на подрачја со заштитена природа во светот. Земјите со пристапувањето во ЕУ, стануваат дел од Натура 2000.