Случај „Титаник“: За три лица одбиен притворот

0
510

Градоначалникот на општината Пустец, во соседна Албанија населена со македонско население, Едмонд Темелко, треба да се јавува еднаш неделно во судот во Ресен, како алтернативна мерка за обезбедување, а за три лица меѓу кои и за поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески е одбиен предлогот за изрекување мерка притвор, беше соопштено во саботата на прес-конференцијата во Основниот суд Скопје 1 Скопје.

Истовремено за другите четири лица, меѓу кои и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, како и за генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски, одлучувањето е одложено, бидејќи не биле во земјата.

Нивните адвокати доставиле до судот авионски билети, како доказ дека не можат во моментов да се јават на сослушување во судот.

Се очекува во текот на наредната седмица овие лица да се појават во Основниот суд Скопје ѝ Скопје на сослушување .

Од службата за односи со јавноста на Судот информираа дека во понеделник ќе се одлучува по жалбите дека Кривичниот совет за притвор што ги најавија од Специјалното јавно обвинителство.

Специјалното обвинителството во петокот побара притвор за осум лица осомничени за наводно сторени изборни нерегуларности./крај/мф/ффс

Без коментари

LEAVE A REPLY