Сменет 6-от цевовод во атарот на Оптичари

0
331

По завршувањето на сезоната за наводнување ЈП Стрежево започна со превентивно сменување на одредени делници во цевоводот, кои во изминатиот период претставувале голем проблем со чести дефекти, и земјоделците имале пречки со водоснабдувањето

marjan

-Овој проект го изведуваме со надворешна фирма , се работи за 6-от главен цевовод и опфаќа должина од 500 метри, меѓутоа наредниот период продолжуваме со промена на други делници  и други цевоводи, т.ш ако ни дозволи времето ќе смениме 7 километри на цефки, изјави Марјан Ѓероски директор на ЈП Стрежево

 

Директорот ги соопшти и билансите од водостопанската дејност на ЈП Стрежево за оваа 2015 година

-Имаме 24% зголемување на површините кои што ги наводнувавме, односно имавме 5,5   илјади хектари имавме во 2014 а во 2015 – 6.880. Во однос на потрошувачката на вода оваа година сезоната ја започнавме со 105 милиони метри кубни од акомулацијата , потрошивме 38 и салдото од крајот на сезоната ни е 67 милиони метри кубни, додаде Ѓероски

cevovod naslov

Помал бил и бројот на дефекти кои што ги имале годинава во споредба со минатата. Директорот додаде дека и во делот на штетите кон земјоделците оваа година имало намалување. 2014 година имале 164 штети, а годинава 71 штета кон земјоделецот.