Сменет и началникот на СВР Битола

0
2941

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски како што јавува Алфа телевизија ги сменил началниците на Скопје, Битола, Куманово, Велес, и Охрид. Решенија дека ги тргнува од функција им поделил на првиот човек на скопската полиција Ивица Вучевски, на битолската Методија Атанасовски, на кумановската Моме Јакимовски, велешката Петре Игнов и на началникот на СВР Охрид Оливер Ефтимов.

Промени се направени заради тоа што сметам дека има сериозни пропусти, нагласи Спасовски, додавајќи оти секогаш давал поддршка на професионализмот. Тој демантираше дека смените на началниците имаат каква било врска со случајот „Фабрика за фалсификувани документи“.