Сметаме дека има доволно време за фер и слободни избори на 5-ти јуни

0
487

САД смета дека постои доволно време за организација на фер и слободни избори на 5-ти јуни, изјави во петокот американскиот заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, Хојт Брајан Ји по средбата со техничкиот премиер за спроведувањето на изборите, Емил Димитриев.

„Минатиот април кога бев тука политичката криза беше на почеток  и беше предизвик на кој соработувуваме заедно за да се постигне напредок за излез од кризата. Задоволен сум поради тоа што се случија доста позитивни чекори, како што беше Договорот од Пржино. Разговаравме за имплементацијата на договорот, а тоа ги вклучува и изборите. САД и ЕУ продолжуваат со поддршката за владата, партиите и инстуциите да можат да обезбедат изборите на 5-ти јуни да бидат слободни, фер и кредибилни. И даваме поддршка на ДИК, како и совети до институциите и владата околу тоа како гледаме на напредокот во организацијата на изборите и ќе продолжиме со тоа“, рече Ји.

Американскиот дипломат повторно ги потенцираше областите кои се надгледуваат, односно прочистувањето на избирачкиот список, реформите во медиумите, обезбедувањето на безбедна средина во која гласачите ќе можат слободно да гласаат, како и процеост на одделувањето на партијата од државата.

„Веруваме дека има време да се организираат слободни и фер избори и постојано ќе даваме наши мислења и совети околу тоа што треба да се направи. Во однос на Договорот од Пржино, тука е и Специјалното јавно обвинителство, чија работа е важна за да се затвори ова тешко поглавје од македонската политичка историја. Сметаме дека е важно сите инситуции, владата и партиите да соработуваат со СЈО, чија работа треба да биде неполитичка и  независна. Од медиумите очекуваме во изборната кампања да создадат услови каде гласачите ќе имаат пристап до точни информации. Ние постојано проценуваме каква е состојбата, ова го правиме поради тоа што сме близок партнер на Македонија и сакаме да им помогнеме на влаадата ии нситуциите да ја завршат својата работа“, порача Ји.

Според него, САД препознава дека партиите прават напори за имплементација на договор и дека ја сфаќаат неговата важноста за иднината на земјата.

„Гледаме дека постојат напори да се имплементира договорот и дека партиите ја сфаќаат важноста на примената на Договорот, бидејќи не се работи само за обврските кои тие ги направија кон себе и меѓународната заедница, туку за иднината на Македонија. Само преку имплементацијата на Договорот, Македонија ќе може да го започне следното поглавје од интеграцијата во меѓународната заедница. Има доста различни погледи во поглед на имплементацијата на Договорот, но сметам дека постои посветеност од страна на партиите“, рече тој, потенцирајќи дека САД не разгледува евентуално одложување на изборите поради тоа што ова е хипотетичко прашања, а во моментот целта е да сите да работат на тоа да се обезбедат фер и слободни услови на 5-ти јуни и дека постои доволно време за тоа./крај/мф/бс

Без коментари

LEAVE A REPLY