Сметките на Макпетрол не се одблокирани

0
316

Јавното обвинителство не уважува жалби и не носи одлуки за одблокирање на сметки како што тоа беше пласирано во текот на вчерашниот ден, туку како странка во постапката пред судот само дава предлози, реагираа со соопштение од Основниот суд Скопје 1.

Судот по однос на наводите наведени во жалбата на Макпетрол и по наводите во одговорот на жалбата на Јавното обвинителство, дополнително ќе одлучува при што се уште не е донесена судска одлука дали сметката ќе биде одблокирана, стои во соопштението на судот.

 Обвинителството вчера објави дека позитивно одговорило на жалбата на Макпетрол на одлуката за замрзнување на сметките, по допрен глас од јавноста за можноста од енергетска криза во земјата.