СМК бара дијаспората да не биде исклучена од изборите

0
207

Светскиот македонски конгрес (СМК) бара да не се менува изборниот модел во Македонија, дијаспората да не биде исклучена од гласачкиот процес и секој Македонец, од каде и да е, да може да добие македонско државјанство.

Светскиот македонски конгрес бара дијаспората да не биде исклучена од гласачкото тело и таа да избере свои претставници во парламентот кој ќе биде составен по априлските избори идната година. СМК инсистира да не ссе менува изборниот модел и гласањето и на следните избори да се одржи во шест изборни единици.

Конгресот бара правна разрешница на случајот „Прислушување“, и транспарентен судски процес за случајот „Пуч“, со целосно, како што изјави претседателот Тодор Петров, почитување на презумцијата на невиност. Овие неколку точки се внесени во Резолуцијата на Генералното собрание на Светскиот македонски конгрес што се одржа денеска.

-Бараме македонско државјанство за сите Македонци по потекло, безусловно, нагласи Петров.

Тој побара Македонија да го извести Генералното собрание на ОН за мигрантската криза во земјава и да побара акција на Европската унија против Грција и нејзината политика на депортирање мигранти кон Македонија.