Снег ја парализираше Словенија

0
854

Поради обилните снежни врнежи во Словенија без електрична енергија останаа десетици илјади семејства и фирми, главно во регионите на Љубљана и Дравоград, има проблеми во сообраќајот и бројни несреќи, а голема е и опасноста од снежни одрони на високите планини.

Метеоролозите за денес и утре најавуваат смирување на времето но со задржување на ниските температури, но снег во некои делови од земјата сѐ уште паѓа.

Поголемот дел од земјата е под снежна покривка дебела просечно по 25 сантиметри, а во горските предели и до 40. Поради тежината на снегот се кршеле и паѓале гранки од дрвјата, предизвикувајќи прекини во сообраќајот на повеќе локални патишта, како и прекини на електричните водови.

Во Љубљана утринава без електрична енергија биле околу 4.000 потрошувачи, но дежурните служби во меѓувреме поправиле дел од водовите, а исто толку имало и на северот на земјата кај Дравоград и Марибор.

Поради обилниот снег затворе е тунелот Караванке кон Австрија и планинските гранични премини Вршич, Љубељ и Коренско седло.

www.mkd.mk