Снег на Кожуф има, но скијање ќе нема

0
761

На скијачкиот центар Кожуф наврна половина метар снег, но се уште нема нормално скијање, бидејќи патот до центарот е затворен за сообраќај поради свлечишта.

– Поради елементарни непогоди, одрони и свлечишта, патот беше затворен за сообраќај од страна на неколку надлежни институции. Тоа беше заедничка одлука на Јавното претпријатие за патишта, Министерството за транспорт и врски и Државниот инспекторат за транспорт, рече извршниот директор на компанијата ски-центар Кожуф Ангел Наков за МИА.

Додека проблемот биде надминат од страна на надлежните институции, ќе се нудат само пакети за „фри рајд“ скијање.

Без коментари

LEAVE A REPLY