Снег на Пелистер

0
2695

Медитеранскиот циклон донесе нестабилно време, дожд по котлините и снег на високите места. Ова се фотографии од врвот Пелистера, а ги објави Пецо Стојчевски.

14625451_10154012754218106_1057578056_n

Македонија денеска ќе биде под влијание на Медитерански циклон кој што ќе донесе нестабилно време со врнежи од дожд кои ќе бидат проследени со доумерен засилен југозападен и југоисточен ветер. Поинтензивни врнежи се очекуваат во југозападните, југоисточните како и во источните и североисточните предели каде локално се очекуваат да наврнат и до 20 литри дожд. Утринските температури од 5 до 14 степени, додека пак максималните дневни од 11 до 20 степени.

Нестабилното време ќе продолжи и во наредните денови, односно во вторник и среда облачно со врнежи од дожд и ветровито време. Во среда поинтензивни врнежи се очекуваат во североисточните, источните и југоисточните предели, а максималните температури ќе достигнат до 11 односно до 21 степен. Во четврток поинтензивни врнежи ќе имаме во северните и североисточните предели а дневните температури ќе се движат од 9 до 19 степени. Во четврток и петок стабилизација на времето и повисоки дневни температури, додека пак утринските ќе бидат во опаѓање.

Без коментари

LEAVE A REPLY