Снег низ целата држава, патиштата проодни

0
523

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно без забрани и застои по влажни коловози. Според информациите добиени од Ј.П. „Македонија пат“ снег паѓа во: Обиколница Скопје, Петровец, Кула, Велес, Тетово, ПоповаШапка, Делчево, Смојмирово, Ресен, Железнец, Струмица, Павлешенци, Страцин, Кичево, Гостивар, Крушево, Прилеп, Стража, Ѓавато, Буково, Пресека, Македонски Брод. На коловозите има остатоци од снег по интервенцијата од дежурните екипи на Ј.П. Македонијапат.