Снег во Чиле

0
1053

Чилеанската престолнина Сантијаго е под снег во јули и тоа предизвика хаос.

Снежната покривка достигна и до 53 cм.

Едно лице загина, две се повредени, додека скоро 300.000 луѓе се без струја и греење во градот.

„Падна снег и се чувствува магична атмосфера овде во Бели и во останатите делови од Сантијаго. Ова никој не го очеквуаше“ – вели еден од жителите.

Настрада работник обидувајќи се да го исчисти мразот, а две лица се повредени кога ги удрила струја од жица.

Метеоролозите информираа дека ова се најголеми снежни врнежи во Сантијаго од 2007 година.