Снег во делови на Саудиска Арабија

0
309

Снежни врнежи во некои делови на Саудиска Арабија каде температурата невообичаено се спушти под нулата, а песочните пустини обелеа.

Ниските температури и снежната покривка се неочекувана појава за централниот и северозападниот регион на земјата, каде дневните температури се движат околу 20 степени Целзиусови, дури и во ноември.

Саудијците ги искористија социјалните мрежи да го поделат задоволсвото од снегот, додека возачите се незадоволни, бидејќи многу автомобили завршија надвор од патиштата.