Снег во Сараево

0
157

Во главниот град на БиХ, Сараево синоќа падна снег, а метеоролозите прогласија „жолт“ метеро аларм и предупредија на нови снежни врнежи во текот на ноќта во поголемиот дел од земјата.

Вечерва во Сараево е измерена температура од два степени Целзиусови, а за ноќва е најавено спуштање на живата во термометрите и под нулата.

Метеоролозите предвидуваат врнежи од снег и во следните денови и формирање снежна покривка од пет до 15 сантиметри во поголемиот дел од БиХ.