Снег „зароби“ 100.000 Кинези на железничка станица

0
472

Околу 100.000 Кинези останаа „заглавени“ на југот на Кина во Гуангжу поради снегот и мразот кои ги погодија северните и централните делови од земјата пред новогодишните празници.

Голем број возови од Гуангжу кон северот и централните делови на Кина доцнат, па околу 100.000 луѓе се наоѓаат на двете најголеми градски станици Гуангду и Источен Гуангжу, а за јавниот ред се грижат околу 4.000 полицајци, пренесуваат агенциите.

Гуангжу е голем кинески стопански центар во кој живеат и работат голем број луѓе и тие традиционално секоја година за време на новогодишните празници патуваат во своите родни краишта.

www.mkd.mk