Снежна покривка над еден метар во Србија

0
461

На територијата на српската општина Нова Варош околу 600 домаќинства се без електрична енергија, а најкритична била состојбата околу неколку села.

„Паднат е снег над еден метар и екипите се на терен, но дали ќе се изборат со такво време и со таа опрема, ќе видиме. Поради тежината на снегот, гранките се паднати и скинати се проводниците. На некои места се паднати и столбови“ вели претседателот на општината Радосав Васиљевиќ.