Снежно невреме во САД

0
442

Снежна бура го погоди административниот центар на САД Вашингтон, натрупувајќи до 90 сантиметри снег. Невремето е проследено и со ветрови со јачина од 50 до 80 километри на час.

Снегот непрестано паѓа од вчера попладне. Јужните и источните делови на САД веќе неколку дена се зафатени од големо снежно невреме што го парализира воздушниот сообраќај, а во седум федерални држави е прогласена вонредна состојба.

Досега шест луѓе го загубиле животот во сообраќајни несреќи како последица на невремето.
Од синоќа 1120.000 луѓе се без струја во Северна и Јужна Каролина.