Снимен е звукот што ги излуде американските дипломати во Куба

0
524

Пред две недели, американските медиуми ја пренесоа веста дека од Куба се повлечени дипломатите од Амбасадата на САД во Хавана поради мистериозната болест предизвикана од „пиштење”.

Беше наведено дека со „нападот со звук“ на американските дипломати, започнат минатата година, најмалку 21 лица од американската амбасада во Хавана се пожалиле на здравствени проблеми.

Унијата на американската дипломатска служба во исто време објави дека некои од жртвите здобиле полесни повреди на мозокот и трајно оштетување на слухот а страдаат и од загуба на рамнотежа и тешки главоболки.

Но, што всушност дипломатите и претставниците на американската амбасада во Хавана слушале со месеци? Одговорот го даде агенцијата Асошиетед прес, која објави кратка снимка на мистериозиот звук, еден варијација на аудио записот што го слушале работниците на амбасадата.

Се вели дека овој запис е дигитално засилен за да биде погласен и да се намали бучавата во позадина, но освен тоа ништо не е променето, соопшти АП.

www.mkd.mk