Снимен како ја носи бомбата

0
491

На видео снимката се гледа осомничениот бомбаш од лондонското метро како ја напушта куќата со бомба во кеса од еден хипермаркет.

Снимката е добиена од ITV и покажува како човек ја напуштил куќата околу час и пол пред нападот во петокот утрото.

Снимките на камерата покажуваат човек во шешир и сива облека кој носи кеса додека ја напушта куќата во 6.50.

Во 8.20 часот утрото, бомбата се активирала, не успеала правилно да се детонира, па само повредила 30 луѓе а не успеала да предизвика масакр.

Полицијата верува дека го идентификувала главниот осомничен, 18-годишник кој е уапсен во пристаништето Довер. Во притвор е заедно со 21 годишник кој е уапсен во саботата.

Министерот за надворешни работи Амбер Рад рекол дека полицијата направила „добар напредок“ во истрагата.

Без коментари