Снимка од масовно силување го шокираше и разгневи Бразил

0
912

Бразилската полиција трага по повеќе од 30 мажи осомничени за силување тинејџерка во Рио де Жанеиро и објавувањето на снимката од злосторството на социјалните мрежи.

Шеснаестгодишната девојка изјавила во полицијата оти верува дека била дрогирана кога во саботата заминала кај нејзиното момче и вели дека се разбудила во друга куќа, опкружена со напаѓачите.

Полицијата издаде налог за нивно апсење, вклучително и за нејзиното момче.

Ова злосторство предизвика онлајн кампања пртови она што активистите го нарекуваат „култура на силувања“ во Бразил.

За овој инцидент има многу различни стории во бразилските медиуми, но се чини оти е најверојатна онаа според која силувањето се случило минатиот викенд во сиромашно западно предградие на Рио.

Според друга наводна изјава на девојката, таа се разбудила во саботата, гола и повредена и тргнала дома, а потоа во болница. Не била свесна што се случило. Неколку дена потоа открила дека силувачите снимката од злосторството ја поставиле на Twitter.

Бројни корисници на оваа социјална мрежа го гледале бруталното видео во траење од 40 секунди, и објавувале невкусни сексистички пораки а добил дури и 500 „лајкови“, пред спорниот профил да биде избришан.

Во една од изјавите за локалните медиуми, бабата да девојчето изјавила дека членови на нејзиното семејство случајно го гледале видеото и биле шокирани и скршени од болка.

Нападот го шокираше и разгневи Бразил, активистите ги повикаа граѓаните на протести следните денови. Многу од корисниците на Twitter ги користат хаштаговите #EstuproColectivo – „масовно силување“ и #EstuproNuncaMais – „силување никогаш повеќе“.

Еден од корисниците го распространи цртежот на кој е прикажана легната жена која крвари нападната од „машкиот“ Марсов симбол, на кој е титлувано „Една девојка. 33 мажи, кукавички чудовишта. Не постои оправдување за силување“./крај/мф/сн