Снимки од експлозијата во Истанбул

0
461

Најмалку пет лица загинаа а десетици се ранети во напад на бомбаш самоубиец во улицата Истикал во Истанбул, а снимки од експлозијата се појавија на Јутјуб.

На снимките може да се видат луѓе како шетаат по улицата и блесокот на силната експлозија по која луѓето трчајќи бегаат од местото.

Во улицата во која се случи експлозијата има голем број кафулиња, ресторани и конзулати, а преку викендот по неа минуваат околу 3 милиони луѓе.

Анонимен висок претставник на турските безбедносни служби соопшти дека првичните резултати од истрагата укажуваат дека тој е извршен од страна на Курдската работничка партија  или група поврзана со неа.

Тој посочи и дека нападот најверојтно требало да се случи на друга локација, но бомбашот-самоубиец пред време го активирал експлозивот што го носел на себе, кога бил пресретант од полицајци.

Предупредуваме дека видеата се вознемирувачки.