Со 1,83 промили алкохол удрил во пешак

0
785

Кај Пелагонка 1 на улицата Прилепска во Битола 25 годишно лице со 1,83 промили алкохол удри во пешак.Како што соопштија од СВР Битола сообраќајката се случила во 21.45 часот во која ПМВ„Фолксваген Пасат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од лицето со иницијали Н.Б.(25) од Битола,  удрило во пешакот во лицето со иницијали Л.П.(55) од Битола која се здобила со ТТП поради што и е укажана лекарска помош во КБ-Битола каде е задржана на понатамошно лекување.Над лицето Н.Б. било извршено алкотестирање и констатирано било 1.83 промили алкохол. Увид на лице место извршила екипа од ПС за БПС-Битола.