Со 14 куршуми убиен Аргетим Асани

0
445

МВР соопшти дека за убиството на заменик директорот на УЈП Аргетим Асани во Струга е уапсен 23-годишен жител на струшко Велешта. Полицијата му поднесе кривична пријава за две дела  „убиство“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали“.

Приведениот вчера околу 13.15 часот во центарот на Струга го сочекал убиениот Аргетим Асани кој излегувал од еден дуќан на улица „Маркс и Енгелс“ во Струга. Излегол од својот автомобил голф со сребрене боја и испукал 14 куршуми во заменик директорот на даночната управа.

Откако е откриен осомничениот извршен е претрес во неговата куќа, додека во багажникот на голфот кој бил паркиран во дворот е најден пиштол марка „ХС“ без куршуми во рамката. Пиштолот со кој најверојатно е извршено убиството е предаден на вешатачење.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY