Со Антоние и Клеопатра ќе се отвори третото издание на Шекспир фестивалот

0
963

 

Sekspir Festival - 7Народниот театар од Битола, од 22- ри до 28- ми јули, по трет пат ќе биде домаќин и организатор на интернационалниот Битола Шекспир фестивал, проект поддржан од министерството за култура и општина Битола.Sekspir Festival - 4

Со премиерна изведба на претставата Антоние и Клеопатра, во режија на гостинот од САД, Џон Блондејл, официјално ќе биде отворено овогодинешното издание на Шекспир фестивалот.

Блондејл го истакна задоволството што повторно има можност да работи со екипата на битолскиот театар.

Sekspir Festival - 1

Екипата ја сочинуваат-Петар Спировски, Соња Михајлова, Борче Ѓаковски, Елена Моше, Викторија Степановска, Марјан Ѓоргиевски.

Sekspir Festival - 3Антоние и Клеопатра ги играат Петар Горко и Валентина Грамосли кои слават јубилеј, 20 години од првата заедничка претстава инспирирана од Шекспир кога ги толкуваа улогите на Ромео и Јулија.Sekspir Festival - 2

На овогодинешното издание на Шекспир фестивалот, гостуваат реномирани театри кои го негуваат творештвото на големиот Вилијам Шекспир.

Освен богатата и квалитена понуда, оваа година фестивалот ќе биде збогатен со театарска работилница посветена на иднината на овој фестивал.Sekspir Festival - 6

Поддршката од министерството за култура и општина Битола, овозможува поставување на фестивалот на цврста основа и отворени врати за актерите и други театарски работници од земјата и странство. Овој фестивал беше инспирација и за други земји за создавање на фестивали од овој тип посветени на големиот Шекспир.

Sekspir Festival - 5

Фестивалот во Битола, наскоро ќе воспостави соработка и со други театарски центри во Европа, покрај веќе воспоставените соработки, кои го негуваат ликот и делото на Вилијам Шекспир.