Со арсенал оружје си седел на железничка во Кичево

0
690

Млад скопјанец, седел на железничка станица во Кичево со големо количество оружје за кое не поседувал дозвола, при што заработи кривична пријава.

Имено, А.Ј. (23) од Скопје, бил забележан од полициските службеници во чекалницата од железничката станица во Кичево.

При извршен преглед, кај него пронајдени се и одземени  едно огнено оружје-ловна пушка марка “ТОЗ БМ” со калибар 16 милиметри од руско производство, шеесет и четири куршуми за автоматска пушка калибар 7,62 милиметри, дваесет куршуми калибар 5,56 милиметри, пет маневарски куршуми за карабин калибар 7,9 милиметри, единаесет ловни патрони со калибар 16 милиметри и четиринаесет ловни патрони со калибар 12 милиметри.

Бидејќи нелегално ги поседувал, наведените предмети се одземени од А.Ј. и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје. /крај/со/бб