Со автомобил се забил во курдски демонстранти

0
280

Вчера на улиците на швајцарскиот град Берн се одржаа неколку протести: од една страна група Курди се собраа за да дадат поддршка за независноста на Курдите и да протестираат против група турски националисти, кои пак протестираа „против курдскиот тероризам“, пренесе Брајтбарт њуз.

COtb98YUYAAWDMU

Групата курдски демонстранти ги покосил автомобил, кој, наводно, го возел поддржувач на турскиот национализам. Притоа две лица загинаа, а дваесет се повредени.

COtb7WrUwAEyy72

Турскиот протест беше организиран од Унијата на турските демократи во Европа, а учествуваа околу 100 луѓе. За курдскиот антипротест присуствуваа околу 180 луѓе.

COtb9ROUEAAknbg

Локалните медиуми објавија дека полицијата го блокирала центарот на градот и дека со солзавец и гумени куршуми ги одделувала противничките групи.