Со Бејли и Орав партиските лидери на нова рунда преговори

0
391

Во резиденцијата на ЕУ во Пржино денеска ќе продолжат преговорите на партиските претставници со амбасадорите на ЕУ и на САД, за излез од политичката криза.

Се очекува амбасадорите Аиво Орав и Џес Бејли со претставниците на четирите партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА да разговараат за Избирачкиот список и реформите во медиумите.

По последната рунда преговори од партиите соопштија дека има извесен напредок за списокот со гласачи и за медиумите. Последната средба беше пред 11 дена.

Лидерска средба се најавуваше, но нема конкретни информации дали и кога би се одржала.