Со Борисов заедно ќе го чествуваме Илинден во Македонија

0
496

Нашиот прв сосед има огромна желба да ѝ помогне на Македонија во евроатлантските интеграции. Разговаравме за помошта која Бугарија може да ни ја даде во овој процес – изјави премиерот Зоран Заев на прес-конференција по средбата со неговиот бугарски колега Бојко Борисов во Софија.

Заев дополни дека биле приближени мислењата во врска со договорот за добрососедство и порача дека двете земји заедно ќе го слават „Илинден“ на 2 август во Македонија.

Заев и Борисов при денешната средба изразија подготвеност историјата да не ги разделува двата народа туку да ги зближи. За таа цел двајцата премиери ќе се поклонат пред споменикот на Цар Самоил во Бугарија, а истото ќе го сторат и кога Борисов ќе ја посети Македонија. А во насока на зајакнување на односите во Софија ќе се именува улица по името на покојниот претседател на Македонија, Борис Трајковски, додека во Скопје ќе се именува улица по поранешниот бугарски претседател Жељу Желев.

Македонија затвора едно поглавје на национализам и отвора поглавје на европска иднина. Ние имаме потреба од помош, а Бугарија ќе ни ја даде – рече премиероот Заев.

Во рамки на посетата на Бугарија тој денеска треба да оствари средба и со бугарскиот претседател Румен Радев.