Со чартер лет пристигнаа првите холандски туристи

0
709

И официјално стартуваше летната сезона во најпознатиот македонски туристички центар. Со чартер лет, од Амстердам на Охридскиот аеродром пристигнаа првите 180 холандски туристи.

Летово се очекува да слетаат 183 авиони од Амстердам кои ќе донесат над 28.000 холандски туристи. Од мај до октомври, со сезонските летови, на Охридскиот аеродром се очекуваат околу 2.000 патници од Брисел, 2.300 од Белград и речиси 2.600 патници од Тел Авив.