Со часови биле заробени во воз поради дојава за бомба

0
430

Стотина патници од воз кој патувал од Варваша за Берлин ја поминале ноќта на железничката станица во Могилно на западот на Полска поради дојава за бомба.

Патниците биле принудени да чекаат полицијата со специјално обучени кучиња да го проверат целата композиција на возот. Потоа се увидело дека станува збор за лажна дојава.

Анонимниот мејл дека во тој воз има бомба стигнал на Полската железница, а полицијата синоќа на првата станица во Могилно го запрела возот, ги евакуирала 300-те патници и неколку станари во околните куќи.

-Целата композиција е проверена од страна на полициските пиротехничари заедно со кучиња за откривање на експлозив и специјалци антитерористи. Не е пронајдено ништо што би можело да ја наруши безбедноста на патниците. Во 1:30 ноќта, возот тргна накај Берлин, изјавил претставник на локалната полиција за полските медиуми.