Со далматинска клапа и хор одбележан Денот на независноста на Хрватска во Битола

0
202

Манифестацијата која се одржа во Центарот за култура, а по повод Денот на независноста на Хрватска, ја организираше македонско хрватското друштво и хрватскиот културен центар Марко Марулиќ од Битола, во соработка со Хрватската Амбасада.
-Ова беше прекрасен концерт, навистина уживавме. 26 години ја прославуваме независноста на Хрватска, тоа се малку години за една држава, но сепак направивме многу.Хрватска е секогаш тука да биде поддршка на Македонија-истакна амбасадорката на Хрватска во Македонија, Данијела Баришиќ.

Клапа Виоле од Дрвеник и женскиот хро Градац, под диригентска палка на проф.Ивана Андријашевиќ, преку изведбата на повеќе композиции презентираа дел од хрватската традиција и култура во Битола.

Клапата Виоле е основана во 2001 година и одбележуваат 16 години непрекидна работа.
Ја негуваат изворната и компонираната клапска песна.
Во своето долгогодишно делување реализираа бројни настапи на поважни манифестации и фестивали, концерти, смотри, меѓународни натпревари во Хрватска и странство.
Женскиот хор Градац е основан во 2007 та година и одбележуваат 10 години постоење токму со гостувањето во Битола.

Репертоарот им е составен од класични композиции, духовни и световни од сите музички периоди, со посебен акцент на хрватската изворна музика и домашните композитори, односно далматинските народни и концертни песни како и обработките на песни на познатите хрватски композитори.
Дел од нивното 10 годишно постоење се бројните настапи и концерти во земјата и странство, неколку настапи на хрватската телевизија, турнеите надвор од Хрватска и слично.
Оваа манифестација во Битола беше дел од активностите кои се одржуваат во текот на целата година за одбележување на  23 години од постоењето на МХД.и Хрватски култутрен центар Марко Марулиќ, организатор на многубројни концерти, гостувања, настапи на хрватски уметници во Битола , како и македонски во Хрватска.
За крај гостите од Хрватска приредија и мало изненадување за сите присутни, изведувајќи ја македонската Елено ќерко.

Без коментари