Со дупка во авионот, успеал да слета

0
443

Патнички авион во Сомалија принудно слетал откако експлозија по полетувањето направила дупка во трупот, веднаш над крилото. Две лица се повредени во инцидентот на летот за Џибути кој се случил на висина од 3.000 метри над Могадишу.

Локалните медиуми пишуваат дека еден човек бил повлечен низ дупката поради разликата во притисокот, а полицијата во еден од блиските градови, добила информација дека бил пронајден труп, за кој сметаат дека паднал од авионот.

Фотографијата направена откако авионот слетал покажува колку е всушност голема дупката и колку останатите имале среќа што немало трагичен епилог.

Авале Кулане, амбасадорот на Сомалија во ОН, објави видело што го снимал додека летале со дупката на авионот.