Со хидрогенска бомба можеме да го уништиме Менхетн

0
438

Северна Кореја тврди дека може Менхетн да го „срамни со земја“ доколку го погоди со хидрогенска бомба, пренесува Танјуг.

– Доколку се постави хидрогенска бомба на интерконтинентална балистичка ракета и го погоди Менхетн во Њујорк, сите луѓе таму веднаш ќе загинат, а градот ќе изгори „до пепел“, изјави севернокорејскиот нуклеарен експерт Чо Хјонг Ил, објави севернокорејската државна телевизија.

„ДПРК Тудеј“ наведува дека хидригенската бомба на Северна Кореја има многу поголема сила во однос на онаа која ја поседуваше Советскиот Сојуз, а која можеше да ги скрши прозорците на зградите кои се одалечени 1.000 километри и да предизвика изгореници од трет степен на одалеченост од 100 километри.

„Вашингтон пост“ пишува дека сепак, постојат многу причини кои укажуваат дека режимот на Ким Џонг Ун ги преувеличува своите технички можности.