Со или без членство во ЕУ и НАТО, секогаш ќе и помагаме на Грција

0
522

Македонија треба да биде дел од Европската унија (ЕУ), а за тоа не треба фактор да биде справувањето со мигрантската криза, туку седумте последователни препораки од Европската Комисија и спроведените реформи, порача министерот за надворешни работи Никола Попоски на состанокот на Пан Европската Унија, кој се одржа во Стразбур.

 Според Попоски, со ова треба да и се стави крај на задоцнетата реакција во однос на почетокот на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.

Попоски исто така, се осврна и на мигрантско-бегалската криза, при што потенцираше дека Македонија е специфичен случај со оглед дека бегалците доаѓаат од територија на земја членка на ЕУ, Грција, во земја која што не е ЕУ членка, односно Македонија.

„Имаме добра соработка со Грција. Tаа ни е соседна земја и сакаме да и помогнеме. Со или без членство на Република Македонија во ЕУ и НАТО, секогаш ќе и помагаме на Грција, особено кога станува збор за еден ваков европски проблем. Нашата држава ќе продолжи со хуманиот третман на мигрантите, системот на регистрирање и спречување на илегална миграција. Република Македонија делува во согласност со европските политики и принципи и сака да биде дел од европското семејство. ЕУ не би била ЕУ доколку не им обезбеди безбедно небо на оние на кои што најмногу им е потребно“, истакна Попоски.

На отворената дискусија повеќе европратеници ја реафирмираа поддршката за Република Македонија за евроинтергативниот процес истакнувајќи дека земјата заслужува целосна поддршка и соработка од ЕУ./крај/мф/бс

Без коментари

LEAVE A REPLY