Со изнајмено „ферари“ од Швајцарија дошол до Македонија

0
364

Момче од Македонска Каменица изнајмил „ферари“ од швајцарска компанија, но наместо да го врати во предвидениот рок, си го присвоил за себе и дошол во Македонија, иако не смеел да го користи во Македонија.

Според пријавата, дваесет ипетгодишниот Македонец го изнајмил возилото на 31-ви јули и според договорот со компанијата, требало да го користи до 10-ти август, на територијата на Австрија, Швајцарија и Германија.

Но тој си го присвоил, не го вратил во договорениот рок и дошол со возилото во Македонија.

На компанијата ѝ нанел штета од 70.000 евра и против него е поднесена пријава за затајување./крај/мф/ффс

Без коментари

LEAVE A REPLY