Со јајца кон Уставниот суд

0
618

Платформата „АЈДЕ“ заедно со неколку невладини организации и револтирани граѓани попладнево протестираа пред Уставниот суд, противејќи се на денешната одлука на петте судии кои гласаа „за“ иницијативата со која претседателот на државата може да помилува осуденици за изборни нерегуларности.

Граѓаните прифаќањето на таквата иницијатива го сметаат за срамен чин, а Уставниот суд го окарактеризираа како соучесник во изборна криминализација.

Беа истакнати и испечатени и имињата на петте судии кои ја одобрија промената на Законот за помилување. Насобраниот народ побара оставки од Елена Гошева, Никола Ивановски, Владимир Стојаноски, Вангелина Миркудова, Јован Јосифовски.

Исто така, пред Судот симболично беше поставена и табла јајца со транспарент „За демократија се потребни јајца“. Дел од присутните фрлија јајца на фасадата на Уставен.

„Уставниот суд денеска стана сојузник и одговорен за изборните измами кои се случуваат во оваа држава. Во суштина, власта призна дека правела криминал и мамела на изборите. Исто така, Уставниот суд ја презеде одговорноста за сето тоа. Она што може да го процениме од оваа срамна одлука денеска, освен тоа што очигледно дел од Уставниот суд е партизиран, се проценува и дека власта се плаши. Го признава својот криминал и бара начин да се извлече“, рече активистката Билјана Бејкова од платформата „АЈДЕ“.

Без коментари

LEAVE A REPLY